ЕМАНУЕЛ ДУВИЛАРД за македонскиот народ

Emanuel Duvillard
Emanuel Duvillard

Роден е во Лион, во 1887 год. Бил Директор на Бирото за Училишни архиви и за педагошки истаржувања и Професор на Институтот Жан Жак Русо.

Објавени дела : Актуелните тенденции во основното образование, Училиште на иднината, Едукативната улога на Црвениот крст на младината.

Бил соработник на Швајцарскиот народ, потоа Бивш Претседател на Педагошкото друштво на романска Швајцарија. Претседател на Женевското педагошко друштво. Учесник во бројни училишни реформи.
Емануел Дувилард е Претседател на Женевскиот Комитет за одбрана од теророт на Балканот.

Ова е краткото објаснение за овој гоем хуманист и училишен реформатор од Швајцарија. Но уште поинтересно е како тој го почнува својот одговор на прашањата од анкетата:

“Србин ли си? Бугарин ли си? Грк или Албанец? На оваа серија прашања, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ДЕНЕС КАКО И ВЧЕРА, го дава истиот одговор - ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ“.

Понатаму Дувилард ги опишува невозможните услов под кои е распарчен македонскиот народ и дава одговори за разрешување на неговата ропската положба.